Вкупниот
деловен успех и професионална афирмација на РИМЕС ДОО
Скопје директно зависи од воведување на нова деловна филозофија-модерен
концепт за квалитет, кој содржи три основни аспекти:
• Заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите,
заштита на околината и штедење на природните ресурси;
• Борба за освојување на пазарот преку квалитет;
• Способност на претпријатието за ефикасно работење (намалување
на производните трошоците).
Оттаму,
воведувањето на комплетен систем за квалитет во претпријатието,
во сите фази на изготвување на производите, почнувајќи од:
маркетинг, развој, производство, контрола, продажба и дистрибуција,
претставува императив во деловното работење на друштвото.
Под
квалитет подразбираме збир на сите својства и карактеристики
на производот за да се задоволат утврдените и изразените
потреби на нашите купувачи. Само со доследна насоченост
кон желбите и потребите на купувачите можеме да постигнеме
квалитет, каков што тие очекуваат од нас. Задоволни купувачи
се најзначајна вредност во односите со конкуренцијата и
во осигурување на иднина на Друштвото.
За
обезбедување на квалитет, неопходно е секој на своето работно
место да допринесува за него. Квалитет се создава на секое
работно место од управа, преку производство, дистрибуција,
внатрешни и надворешни служби. Секој работник во рамките
на своите одговорности и овластувања придонесува за остваривање
на своите цели.
Грижа
за квалитетот почнува од фазата на развој на производите,
вклучува внимателен избор на добавувачи и квалитетни суровини,
производство со современа технологија, како и соодветен
пласман и дистрибуција. Грижата за квалитетот завршува,
отткако по употребата на нашите производи, купувачот ќе
биде задоволен.
Со
цел да се направи ваков чекор кон купувачите (осигурување
на здравствена исправност на производите и заштита на здравјето
на потрошувачите) во рамките на управување со квалитетот,
започнуваме со воведување на принципите на HACCP системот,
согласно важечките законски прописи.