Друштвото
за производство, трговија и услуги “РИМЕС“ ДОО, Скопје,
е производител на преработки од месо и има сопствена малопродажна
трговска мрежа за месо, месни и млечни производи.
Во првите
години друштвото започнува со помала продажна мрежа (2 продавници)
и релативно мала база на потрошувачи. Со секоја наредна
година друштвото напредува, зголемувајќи ја продажната мрежа,
која денес вбројува 10 (десет) специјализирани продажни
објекти за месо, месни и млечни производи на територија
на град Скопје.
Во 1998 година
ја проширува дејноста на работење и преминува од продажно
во производствено-продажно ориентирано друштво. Започнува
со работа производствено-техничкиот погон за производство
на преработки од месо со годишен капацитет од 1500 тони.
Со цел да
бидеме постојано во чекор со новите технолошки достигнувања
и трендови во дејноста, како и да обезбедиме постојан развој
на Друштвото, вложуваме во нови, современи машини. Ваквата
инвестиција ќе ни овозможи поголем капацитет на производство
и проширок асортиманот на модерно спакувани производи. На
овој начин се стремиме да освоиме нови пазари на останатата
територија на Република Македонија.
Од скромните
почетоци, “РИМЕС” ДОО, Скопје, чекори во иднината со сигурност,
се развива, како резултат на лојални потрошувачи, вкалкулирани
ризици, добро управување и посветени работници.
Ние постигнавме
голем успех во високо-конкурентен пазар и продолжуваме да
растеме заедно со нашите потрошувачи.